2 Летописи 6:31-37 MKB

31 за да се бојат од Тебе одејќи по Твоите патишта додека живеат на земјата, што Ти им ја даде на нашите татковци.

32 Па и туѓинецот - кој не е од Твојот Израелски народ, туку стигнал од далечна земја заради величината на Твоето Име и заради Твојата силна рака и подигната мишка, ако дојде и ако се помоли во овој Дом,

33 послушај го од небото, каде што престојуваш, послушај ги сите негови повици, за да го запознаат сите земни народи Твоето Име и да се бојат од Тебе како Твојот Израелски народ, и за да знаат дека Твоето Име е повикано над овој Дом, кој го изградив.

34 Кога Твојот народ ќе тргне против непријателот по патот по кој ќе го упатиш Ти и ако Ти се помоли Тебе, свртен кон градот што си Го избрал и кон Домот што му го подигнав на Твоето Име,

35 послушај ги од небото неговата молитва и неговото просење и направи што е потребно за него.

36 Кога ќе ти згрешат, зашто нема човек кој не греши, а ако Ти, откако ќе се разгневиш на нив, ќе ги предадеш на непријателите за да ги заробат и за да ги одведат како робје во далечна или блиска земја,

37 па ако се покајат со срцето во земјата во која ќе бидат одведени и ако почнат да Те молат за милост во земјата на своите освојувачи велејќи: ‘Згрешивме’,