2 Летописи 6:35-41 MKB

35 послушај ги од небото неговата молитва и неговото просење и направи што е потребно за него.

36 Кога ќе ти згрешат, зашто нема човек кој не греши, а ако Ти, откако ќе се разгневиш на нив, ќе ги предадеш на непријателите за да ги заробат и за да ги одведат како робје во далечна или блиска земја,

37 па ако се покајат со срцето во земјата во која ќе бидат одведени и ако почнат да Те молат за милост во земјата на своите освојувачи велејќи: ‘Згрешивме’,

38 и ако така Ти се обратат Тебе со сето срце и со сета душа во земјата на своето ропство во која ќе бидат доведени како робови, и ако се помолат свртени кон земјата, што Ти им ја даде на нивните татковци, и кон градот што го одбра, и кон Домот што јас му го подигнав на Твоето Име,

39 послушај ги од небото, каде престојуваш, нивната молба и нивното просење, направи им правда, и прости му на Твојот народ што ти згрешил.

40 Сега, Боже мој, Твоите очи нека бидат отворени и Твоите уши нека бидат внимателни на молитвите на ова место!

41 А сега, Господи Боже, стани во Твоето почивалиште, Ти и Ковчегот на Твојата сила, Твоите свештеници, Господи Боже, нека се облечат во спасение, и Твоите свети нека се насладуваат со блага.