2 Летописи 6:7-13 MKB

7 Татко ми Давид науми да Му подигне Дом на Името на Господа, Израелевиот Бог,

8 но Господ му рече: ‘Си наумил да Му подигнеш Дом на Моето Име, и добро направи,

9 ама ти нема да го подигнеш тој Дом, туку твојот син кој ќе излезе од твоето крило; тој ќе му подигне Дом на Моето Име.’

10 Господ го исполни Своето ветување: го наследив таткото Давид и седнав на Израелевиот престол, како што вети Господ, му подигнав Дом на Името на Господа, Израелевиот Бог,

11 и го наместив Ковчегот во кој е Заветот што Господ го склучи со Израелевите синови.”

12 Тогаш Соломон стапи, во присуство на сиот израелев собир, пред Господовиот жртвеник и ги рашири рацете.

13 Имено, Соломон имаше направено бронзено подножје, долго пет лакти и широко пет лакти, а високо три лакти, и го стави сред дворот; откако застана на него, клекна пред сето израелево собрание и, раширувајќи ги рацете кон небото,