2 Летописи 6:9-15 MKB

9 ама ти нема да го подигнеш тој Дом, туку твојот син кој ќе излезе од твоето крило; тој ќе му подигне Дом на Моето Име.’

10 Господ го исполни Своето ветување: го наследив таткото Давид и седнав на Израелевиот престол, како што вети Господ, му подигнав Дом на Името на Господа, Израелевиот Бог,

11 и го наместив Ковчегот во кој е Заветот што Господ го склучи со Израелевите синови.”

12 Тогаш Соломон стапи, во присуство на сиот израелев собир, пред Господовиот жртвеник и ги рашири рацете.

13 Имено, Соломон имаше направено бронзено подножје, долго пет лакти и широко пет лакти, а високо три лакти, и го стави сред дворот; откако застана на него, клекна пред сето израелево собрание и, раширувајќи ги рацете кон небото,

14 рече: „Господи, Израелев Боже! Ниеден бог не Ти е сличен ни на небесата ни на земјата, Тебе, Кој им ги пазиш Заветот и љубовта на Твоите слуги, кои одат пред Тебе со сето свое срце.

15 На Твојот слуга Давид, на мојот татко, му исполни што Си му ветил. Што Си ветил со Својата уста, го исполни со Својата рака токму денес.