2 Летописи 8:10-16 MKB

10 Беа главатари над управителите, кои ги имаше царот Соломон двеста и педесет, и управуваа со народот.

11 Соломон ја пресели и фараоновата ќерка од Давидовиот Град во домот што и го беше изградил, зашто мислеше: „Мојата жена не ќе живее во дворецот на израелскиот цар, зашто е свет откако во него дојде Господовиот Ковчег.”

12 Тогаш Соломон почна да Му принесува на Господа паленици на Господовиот жртвеник, што го беше изградил пред тремот,

13 и тоа колку што требаше од ден во ден да принесе по Мојсеевата заповед, во саботи, и на младите месечини, и на празниците трипати во годината, на празникот Бесквасни лебови, на празникот Седмици, и на празникот Сеници.

14 Ги постави, според уредбата на таткото Давид, свештеничките редови според нивната служба, и левитските по нивните должности, да слават со песни и да служат пред свештениците, колку што треба од ден во ден, и вратарите според нивните редови на секоја врата, зашто таква беше заповедта на Божјиот човек Давид.

15 Не отстапија од царевата повелба за свештениците и за левитите во ништо, ниту за сокровиштата.

16 Така се сврши сета Соломонова работа од денот кога беше положена основата на Господовиот Дом, па додека не го заврши. Така беше довршен Господовиот Дом.