2 Летописи 8:14-18 MKB

14 Ги постави, според уредбата на таткото Давид, свештеничките редови според нивната служба, и левитските по нивните должности, да слават со песни и да служат пред свештениците, колку што треба од ден во ден, и вратарите според нивните редови на секоја врата, зашто таква беше заповедта на Божјиот човек Давид.

15 Не отстапија од царевата повелба за свештениците и за левитите во ништо, ниту за сокровиштата.

16 Така се сврши сета Соломонова работа од денот кога беше положена основата на Господовиот Дом, па додека не го заврши. Така беше довршен Господовиот Дом.

17 Тогаш Соломон отиде во Есион-Гавер и во Елот на морскиот брег во Едомската Земја.

18 А Хирам му испрати преку слугите бродови и морнари вешти на морето, та отидоа со Соломоновите слуги во Офир; зедоа оттаму четири стотини и педесет таланти злато и му ги донесоа на царот Соломон.