2 Соломон изгради градови, што му ги даде Хирам, и ги насели таму Израелевите синови.
3 Потоа Соломон отиде против Совскиот Емат и го освои.
4 Ги соѕида Тадмор и секакви места за складови во Емат.
5 Ги изгради и Горниот Вет Орон и Долниот Вет Орон, тврди градови со ѕидови, со врати и со лостови;
6 и Валат, и сите градови во кои што имаше складови, сите градови за воени коли и градовите за коњаниците, и сè што посака Соломон да гради во Ерусалим и во Ливан и по сета земја на своето царство.
7 А на сите кои останаа: од Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците, кои не беа Израелци,
8 на нивните синови кои останаа по нив во земјата и кои Израелците не ги сотреа - Соломон им наметна данок до денешниот ден.