8 на нивните синови кои останаа по нив во земјата и кои Израелците не ги сотреа - Соломон им наметна данок до денешниот ден.
9 Соломон не ги претворуваше Израелевите синови во робови за работа, туку беа воини, заповедници на неговите штитоносци и заповедници на бојните коли и на коњицата.
10 Беа главатари над управителите, кои ги имаше царот Соломон двеста и педесет, и управуваа со народот.
11 Соломон ја пресели и фараоновата ќерка од Давидовиот Град во домот што и го беше изградил, зашто мислеше: „Мојата жена не ќе живее во дворецот на израелскиот цар, зашто е свет откако во него дојде Господовиот Ковчег.”
12 Тогаш Соломон почна да Му принесува на Господа паленици на Господовиот жртвеник, што го беше изградил пред тремот,
13 и тоа колку што требаше од ден во ден да принесе по Мојсеевата заповед, во саботи, и на младите месечини, и на празниците трипати во годината, на празникот Бесквасни лебови, на празникот Седмици, и на празникот Сеници.
14 Ги постави, според уредбата на таткото Давид, свештеничките редови според нивната служба, и левитските по нивните должности, да слават со песни и да служат пред свештениците, колку што треба од ден во ден, и вратарите според нивните редови на секоја врата, зашто таква беше заповедта на Божјиот човек Давид.