1 Тогаш царицата на Сава чу глас за Соломона; сакајќи да го искуша Соломона со гатанки, дојде во Ерусалим со многубројна придружба и со камили што носеа мириси, многу злато и бесцени камења. Откако дојде кај Соломона, поразговара со него за сè што и беше на срце.
2 Соломон и одговори на сите прашања; ништо не му беше скриено на Соломона, за да не би умеел да и објасни.
3 Кога царицата од Сава ги виде: неговата мудрост, дворецот што го беше изградил,
4 јадењата на неговиот стол, седењето на неговите слуги и дворници, отменоста на неговите прислужници и нивните облеки, неговите виноподнесувачи, и неговите паленици кои ги принесуваше во Господовиот Дом, и застана здивот.
5 Тогаш му рече на царот: „Вистина е што чув за тебе и за твојата мудрост во својата земја.
6 Ама не сакав да верувам во тоа што се раскажува додека не дојдов и видов со своите очи; и навистина, не ми беше речено ни половина за твојата голема мудрост; го надмина гласот што го чув.
7 Блазе им на твоите луѓе и на твоите слуги, кои стојат пред тебе и ја слушаат твојата мудрост!