2 Летописи 9:10-16 MKB

10 Хирамовите слуги, кои донесуваа злато од Офир со Соломоновите слуги, исто така донесоа сандалово дрво и скапоцени камења.

11 Царот направи од тоа црвено дрво скали кон Господовиот Дом и кон царскиот дом, и гуслиња и псалтири за певците: никогаш порано не беа видени слични работи во Јудејската Земја.

12 Царот Соломон и даде на царицата од Сава сè што пожела и што посака, освен она што самата му го донесе на царот. Потоа таа тргна и со слугите си отиде во својата земја.

13 Златото што му доаѓаше на Соломона секоја година беше тешко шест стотини шеесет и шест златни таланти,

14 освен она што доаѓаше од трговците и од патувачките продавачи. И сите арабјански цареви и земни управители му донесуваа злато и сребро на Соломон.

15 Царот Соломон направи двеста штитови од ковано злато: за секој штит употреби шест стотини шекели ковано злато,

16 и направи триста штитчиња од ковано злато; за секое штитче потроши триста златни шекели. Царот ги стави на чување во куќата наречена Ливанска Гора.