2 Летописи 9:11-17 MKB

11 Царот направи од тоа црвено дрво скали кон Господовиот Дом и кон царскиот дом, и гуслиња и псалтири за певците: никогаш порано не беа видени слични работи во Јудејската Земја.

12 Царот Соломон и даде на царицата од Сава сè што пожела и што посака, освен она што самата му го донесе на царот. Потоа таа тргна и со слугите си отиде во својата земја.

13 Златото што му доаѓаше на Соломона секоја година беше тешко шест стотини шеесет и шест златни таланти,

14 освен она што доаѓаше од трговците и од патувачките продавачи. И сите арабјански цареви и земни управители му донесуваа злато и сребро на Соломон.

15 Царот Соломон направи двеста штитови од ковано злато: за секој штит употреби шест стотини шекели ковано злато,

16 и направи триста штитчиња од ковано злато; за секое штитче потроши триста златни шекели. Царот ги стави на чување во куќата наречена Ливанска Гора.

17 Царот направи и голем престол од слонова коска и го обложи со чисто злато.