12 Царот Соломон и даде на царицата од Сава сè што пожела и што посака, освен она што самата му го донесе на царот. Потоа таа тргна и со слугите си отиде во својата земја.
13 Златото што му доаѓаше на Соломона секоја година беше тешко шест стотини шеесет и шест златни таланти,
14 освен она што доаѓаше од трговците и од патувачките продавачи. И сите арабјански цареви и земни управители му донесуваа злато и сребро на Соломон.
15 Царот Соломон направи двеста штитови од ковано злато: за секој штит употреби шест стотини шекели ковано злато,
16 и направи триста штитчиња од ковано злато; за секое штитче потроши триста златни шекели. Царот ги стави на чување во куќата наречена Ливанска Гора.
17 Царот направи и голем престол од слонова коска и го обложи со чисто злато.
18 Престолот имаше шест скали и златно подножје составено со престолот, и рачки од двете страни на престолот, а покрај рачките стоеја два лава.