2 Летописи 9:23-29 MKB

23 Сите земни цареви имаа желба да го видат Соломона и да ја чујат мудроста што Бог му ја влеал во срцето.

24 Секој му донесуваше подарок, сребрени и златни посатки, облеки, оружје и мириси, коњи и мазги, од година во година.

25 Соломон имаше четири илјади коњски јасли и бојни коли, и дванаесет илјади коњаници, кои ги распореди по градовите на бојните коли и кај царот во Ерусалим.

26 Владееше над сите цареви од Реката до Филистејската Земја и до Египетската Меѓа.

27 Царот направи да има во Ерусалим сребро како камења, а кедрови дрва како диви смокви што растат во Јудејската Низина.

28 Соломон довезуваше коњи од Египет и од сите земји.

29 Другите Соломонови дела, од првите до последните, се запишани во книгата на пророкот Натан, во пророчкиот книжен свиток на Силомјанецот Ахиј и во пророчката беседа на гледачот Идо за Наватовиот син Јеровоам.