24 Секој му донесуваше подарок, сребрени и златни посатки, облеки, оружје и мириси, коњи и мазги, од година во година.
25 Соломон имаше четири илјади коњски јасли и бојни коли, и дванаесет илјади коњаници, кои ги распореди по градовите на бојните коли и кај царот во Ерусалим.
26 Владееше над сите цареви од Реката до Филистејската Земја и до Египетската Меѓа.
27 Царот направи да има во Ерусалим сребро како камења, а кедрови дрва како диви смокви што растат во Јудејската Низина.
28 Соломон довезуваше коњи од Египет и од сите земји.
29 Другите Соломонови дела, од првите до последните, се запишани во книгата на пророкот Натан, во пророчкиот книжен свиток на Силомјанецот Ахиј и во пророчката беседа на гледачот Идо за Наватовиот син Јеровоам.
30 Соломон владееше во Ерусалим над сиот Израел четириесет години.