5 При вас ќе дојдам, откако ќе ја поминам Македонија, зашто поминувам низ Македонија;
6 а при вас можеби ќе се задржам, па и да презимувам, за да ме испратите каде што одам.
7 Зашто не сакам да ве видам сега само на минување; но, се надевам да останам некое време при вас, ако Господ дозволи.
8 Во Ефес ќе останам до Педесетницата,
9 зашто ми се отвори за работа голема и делотворна врата, а противниците се многу.
10 Ако дојде Тимотеј, гледајте да биде без страв меѓу вас, зашто и тој го работи Господовото дело како и јас.
11 Затоа никој да не го презира! Испратете го во мир, да дојде при мене, зашто го чекаме со браќата.