10 ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство.
11 И некои од вас беа такви. Но, се измивте, и се осветивте, и се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос и во Духот на нашиот Бог.
12 Сè ми е дозволено, но не е сè полезно. Сè ми е дозволено, но не сакам нешто да завладее над мене.
13 Храната е за стомакот, а стомакот за храната; Бог ќе ги уништи и едното и другото. А телото не е за блудство, туку за Господа, и Господ за телото;
14 а Бог, Кој Го воскресна Господа, ќе нè воскресне и нас со Својата сила.
15 Не знаете ли дека вашите тела се Христови членови? И така, ќе ги земам ли Христовите членови и да ги направам членови на блудница? Да не биде!
16 Или не знаете ли дека оној кој ќе се соедини со блудница е едно тело со неа? Зашто рече: „Обата ќе бидат едно тело.”