12 Сè ми е дозволено, но не е сè полезно. Сè ми е дозволено, но не сакам нешто да завладее над мене.
13 Храната е за стомакот, а стомакот за храната; Бог ќе ги уништи и едното и другото. А телото не е за блудство, туку за Господа, и Господ за телото;
14 а Бог, Кој Го воскресна Господа, ќе нè воскресне и нас со Својата сила.
15 Не знаете ли дека вашите тела се Христови членови? И така, ќе ги земам ли Христовите членови и да ги направам членови на блудница? Да не биде!
16 Или не знаете ли дека оној кој ќе се соедини со блудница е едно тело со неа? Зашто рече: „Обата ќе бидат едно тело.”
17 А кој се соединува со Господа, еден дух е со Него.
18 Бегајте од блудство! Секој грев, што човекот го прави, е надвор од телото; а блудникот греши против своето сопствено тело.