3 Но, ако некој Го љуби Бога, него Бог го познава.
4 И така, во однос јадењето на идолски жртви, знаеме дека идолот не е ништо во светот и дека нема друг Бог освен Единиот.
5 Зашто, ако и има таканаречени богови, било на небото, било на земјата, како што има многу богови и многу господари,
6 но, ние имаме еден Бог, Татко, од Кого е сè и за Кого сме ние, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сè, и преку Кого сме и ние.
7 Но, сите го немаат ова знаење. Имено, некои според својата досегашна навика на идолите - ја јадат храната како идолска жртва, и така се осквернува нивната слаба совест.
8 Меѓутоа јадењето не нè прави угодни на Бога: ниту губиме нешто, ако не јадеме; ниту добиваме нешто, ако јадеме.
9 Но внимавајте оваа ваша слобода да не им стане сопка на слабите!