1 Коринќаните 9:14-20 MKB

14 Така, Господ им нареди на оние, кои го проповедаат Евангелието, да живеат од Евангелието.

15 А јас не се ползував со ништо од сè тоа. А и ова не го напишав за да ми биде така, зашто за мене е подобро да умрам, отколку некој да ми ја уништи пофалбата.

16 Ако пак го проповедам Евангелието нема за што да се фалам, зашто неопходноста ми е наложена. И тешко мене, ако не го проповедам Евангелието!

17 Ако го правам тоа доброволно, имам награда; но, ако не го правам по своја волја, сè уште мене ми е доверено управувањето.

18 Која е тогаш мојата награда? Проповедајќи, бесплатно да го давам Евангелието; и да не го исползувам наполно своето право во Евангелието.

19 Навистина, иако сум слободен од сите, се претворив во роб на сите, за да ги придобијам што повеќе.

20 На Јудејците им бев како Јудеец, за да ги придобијам Јудејците; на оние кои се под Законот им бев како и самиот да сум под Законот, иако јас не сум под Законот, за да ги придобијам оние, кои се под Законот.