1 „Вистина, вистина ви велам, кој не влегува низ вратата во овчарникот, а прескокнува од друга страна, тој е крадец и разбојник.
2 А кој влегува низ вратата пастир е на овците.
3 Нему вратарот му отвора, а овците го слушаат неговиот глас, и ги вика своите овци по име и ги изведува.
4 Кога ќе ги истера своите овци, оди пред нив и овците одат по него, зашто го познаваат неговиот глас.