11 ”Јас Сум Добриот Пастир. Добриот пастир го дава својот живот за овците.
12 Наемникот, кој не е овчар, кому овците не му припаѓаат, го гледа волкот како доаѓа, ги остава овците и бега; а волкот ги разграбува и ги распрснува;
13 зашто е наемник и не се грижи за овците.
14 Јас Сум Добриот Пастир: и ги познавам Моите и Моите Ме познаваат Мене.
15 Како што Татко Ми Ме познава Мене, и Јас Го познавам Мојот Татко; и Јас го давам Мојот живот за овците.
16 И други овци имам, што не се од овој овчарник; и нив треба да ги доведам, па ќе го слушаат Мојот глас и ќе биде едно стадо и еден Пастир.
17 Таткото Ме љуби затоа, што Јас го давам Својот живот, за да го земам пак.