18 Никој не Ми го одзема, туку Јас го давам Сам од Себе. Имам власт да го дадам, и имам власт да го земам пак. Оваа заповед ја примив од Мојот Татко.”
19 Заради тие зборови пак настана раздор меѓу Јудејците.
20 Мнозина од нив велеа: „Опфатен е од демон и безумствува, зошто Го слушате?”
21 Други велеа: „Тоа не се зборови на опфатен од демон. Може ли демон да отвора очи на слепци?”
22 Тогаш во Ерусалим се празнуваше Посветување; беше зима.
23 А Исус одеше по Соломоновиот трем на Храмот.
24 Тогаш Јудејците Го опкружија и Му рекоа: „До кога ќе ни ја измачуваш душата? Ако си Ти Христос, кажи ни слободно!”