2 А кој влегува низ вратата пастир е на овците.
3 Нему вратарот му отвора, а овците го слушаат неговиот глас, и ги вика своите овци по име и ги изведува.
4 Кога ќе ги истера своите овци, оди пред нив и овците одат по него, зашто го познаваат неговиот глас.
5 По туѓинец никако не одат, туку ќе побегнат од него, зашто не го познаваат гласот на туѓинците.”
6 Исус им ја кажа оваа споредба, но тие не разбраа што беше тоа за кое им зборуваше.
7 Исус им рече пак: „Вистина, вистина ви велам: Јас Сум вратата на овците.
8 Сите, кои дојдоа пред Мене, се крадци и разбојници; но овците не ги послушаа.