20 Мнозина од нив велеа: „Опфатен е од демон и безумствува, зошто Го слушате?”
21 Други велеа: „Тоа не се зборови на опфатен од демон. Може ли демон да отвора очи на слепци?”
22 Тогаш во Ерусалим се празнуваше Посветување; беше зима.
23 А Исус одеше по Соломоновиот трем на Храмот.
24 Тогаш Јудејците Го опкружија и Му рекоа: „До кога ќе ни ја измачуваш душата? Ако си Ти Христос, кажи ни слободно!”
25 Исус им одговори: „Ви реков, и не верувате. Делата што Јас ги правам - во името на Мојот Татко - сведочат за Мене.
26 Но, вие не верувате, зашто не сте од Моите овци.