24 Тогаш Јудејците Го опкружија и Му рекоа: „До кога ќе ни ја измачуваш душата? Ако си Ти Христос, кажи ни слободно!”
25 Исус им одговори: „Ви реков, и не верувате. Делата што Јас ги правам - во името на Мојот Татко - сведочат за Мене.
26 Но, вие не верувате, зашто не сте од Моите овци.
27 Моите овци го слушаат Мојот глас, и Јас ги познавам, и тие идат по Мене.
28 Јас им давам вечен живот и никако нема да загинат и никој нема да ги грабне од Мојата рака.
29 Мојот Татко - Кој ми ги даде - е поголем од сите, и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Татко.
30 Јас и Татко Ми едно сме.”