26 Но, вие не верувате, зашто не сте од Моите овци.
27 Моите овци го слушаат Мојот глас, и Јас ги познавам, и тие идат по Мене.
28 Јас им давам вечен живот и никако нема да загинат и никој нема да ги грабне од Мојата рака.
29 Мојот Татко - Кој ми ги даде - е поголем од сите, и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Татко.
30 Јас и Татко Ми едно сме.”
31 Јудејците пак донесоа камења, за да Го убијат со камења.
32 Исус им одговори: „Ви покажав многу добри дела од Мојот Татко; за кое од тие дела фрлате камења на Мене?”