30 Јас и Татко Ми едно сме.”
31 Јудејците пак донесоа камења, за да Го убијат со камења.
32 Исус им одговори: „Ви покажав многу добри дела од Мојот Татко; за кое од тие дела фрлате камења на Мене?”
33 Јудејците Му одговорија: „Не Те каменуваме заради добро дело, туку заради богохулство - зашто Ти, бидејќи човек, се правиш Бог.”
34 Исус им одговори: „Не е ли напишано во вашиот Закон: ‘Јас реков: богови сте?’
35 Ако ги наречува богови оние, на кои им беше упатено Божјото Слово - а Писмото не може да биде нарушено -
36 зошто вие Му велите дека хули на Бога Оној, Кого Таткото Го посвети и Го испрати во светот, - зашто реков: ‘Јас Сум Божји Син?’