34 Исус им одговори: „Не е ли напишано во вашиот Закон: ‘Јас реков: богови сте?’
35 Ако ги наречува богови оние, на кои им беше упатено Божјото Слово - а Писмото не може да биде нарушено -
36 зошто вие Му велите дека хули на Бога Оној, Кого Таткото Го посвети и Го испрати во светот, - зашто реков: ‘Јас Сум Божји Син?’
37 Ако не ги правам делата на Мојот Татко, не верувајте Ми.
38 А ако ги вршам, верувајте им на делата, ако Мене не Ми верувате, за да сознаете и познаете дека Таткото е во Мене и Јас во Него!”
39 Тогаш сакаа пак да Го фатат, но им избега од рацете.
40 И пак отиде преку Јордан, каде што Јован крштаваше отпрвин, и остана таму.