37 Ако не ги правам делата на Мојот Татко, не верувајте Ми.
38 А ако ги вршам, верувајте им на делата, ако Мене не Ми верувате, за да сознаете и познаете дека Таткото е во Мене и Јас во Него!”
39 Тогаш сакаа пак да Го фатат, но им избега од рацете.
40 И пак отиде преку Јордан, каде што Јован крштаваше отпрвин, и остана таму.
41 И мнозина дојдоа при Него и рекоа: „Јован не направи ниедно чудо, но сè што рече Јован за Него, беше вистина.”
42 И таму мнозина поверуваа во Него.