5 По туѓинец никако не одат, туку ќе побегнат од него, зашто не го познаваат гласот на туѓинците.”
6 Исус им ја кажа оваа споредба, но тие не разбраа што беше тоа за кое им зборуваше.
7 Исус им рече пак: „Вистина, вистина ви велам: Јас Сум вратата на овците.
8 Сите, кои дојдоа пред Мене, се крадци и разбојници; но овците не ги послушаа.
9 Јас Сум вратата; кој ќе влезе низ Мене, ќе биде спасен, ќе влегува и ќе излегува и ќе најде пасиште.
10 Крадецот влегува само да украде, да заколе и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат изобилно.”
11 ”Јас Сум Добриот Пастир. Добриот пастир го дава својот живот за овците.