3 Тогаш Марија зеде литар миро, од чист и скапоцен нард, ги помаза Исусовите нозе и Му ги избриша нозете со својата коса; и куќата се наполни со мирис од мирото.
4 А Јуда Искариотски, еден од Неговите ученици, кој сакаше да Го предаде, рече:
5 ”Зошто мирово не е продадено за триста динарии, за да бидат раздадени на сиромасите?”
6 Тоа не го рече дека се грижеше за бедните, туку зашто беше крадец; кај него беше ковчежето и земаше од она, што пуштаа во него.
7 Но Исус рече: „Оставете ја! Нека го запази тоа за денот на Моето погребение.
8 Зашто сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш.”
9 Многу Јудејци научија дека е таму, па дојдоа не само заради Исуса, туку да го видат и Лазара, кого го воскресна од мртвите.