43 зашто повеќе ја сакаа човечката слава, отколку Божјата слава.
44 А Исус извика и рече: „Кој верува во Мене, не верува во Мене, туку во Оној, Кој Ме пратил.
45 И кој Ме гледа Мене, Го гледа Оној, Кој Ме прати.
46 Јас - Светлината - дојдов во светот, та ниеден, кој верува во Мене, да не остане во темнина.
47 И ако некој ги чуе Моите зборови, а не ги пази - Јас нема да му судам: зашто не дојдов да му судам на светот, туку да го спасам светот.
48 Кој Ме отфрла Мене и не ги прима Моите зборови, има свој судија: Словото - што го изговорив - тоа ќе му суди во последниот ден.
49 Зашто Јас не зборував Сам од Себе, туку Мојот Татко, Кој Ме прати, Тој Ми даде заповед што да речам и што да зборувам.