13 Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.
14 Вие сте Ми пријатели - ако го вршите она, што Јас го заповедам.
15 Не ве наречувам веќе слуги; зашто слугата не знае што прави неговиот господар; а вас ве нареков пријатели, зашто ви соопштив сè што чув од Мојот Татко.
16 Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и вашиот плод да остане; и Мојот Татко да ви даде сè што ќе посакате во Мое име.
17 Ова ви заповедам: да се љубите еден со друг!”
18 ”Ако светот ве мрази, знајте дека Мене Ме мразеше пред вас!
19 Ако бевте од овој свет, светот би ги љубел своите; но бидејќи не сте од светов - туку Јас ве избрав од светот - затоа светот ве мрази.