20 Помнете го зборот што ви го реков: ‘Слугата не е поголем од својот господар!’ Ако Ме гонеа Мене, ќе ве гонат и вас; ако го пазеа Моето Слово, ќе го пазат и вашето.
21 Туку, сè ова ќе ви го прават заради Моето име, зашто не Го познават Оној, Кој Ме пратил.
22 Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев.
23 Кој Ме мрази Мене, Го мрази и Мојот Татко.
24 Да не направев, меѓу нив дела какви никој друг не направил, немаше да имаат грев; но сега видоа и пак нè замразија Мене и Мојот Татко.
25 Туку, треба да се исполни словото, запишано во нивниот Закон: ‘Ме замразија без причина!’
26 ”А кога ќе дојде Утешителот, Кого Јас ќе ви Го испратам од Таткото, Духот на Вистината, Кој излегува од Таткото, Тој ќе сведочи за Мене;