5 Јас Сум лозата, а вие сте прачките. Кој останува во Мене, и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо.
6 Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен надвор како прачката, која е исушена, - ги собираат, ги фрлаат во оган и ги горат.
7 Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде.
8 Мојот Татко се прославува со тоа, што ќе давате многу плод и ќе бидете Мои ученици.
9 Како што Таткото Ме возљуби Мене, така и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов!
10 Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов.
11 Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, и вашата радост да биде полна.