11 Ова го направи Исус во Кана Галилејска како почеток на чудесата и ја објави Својата слава; и Неговите ученици поверуваа во Него.
12 Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, и Неговите браќа, и Неговите ученици, и останаа таму неколку дена.
13 И беше близу јудејската Пасха и Исус се искачи во Ерусалим.
14 И ги најде во Храмот продавачите на волови, овци и гулаби и менувачите на сребреници - како седат таму.
15 Направи бич од јажиња и ги истера сите од Храмот, заедно со овците и воловите. На среброменувачите им ги истури сребрениците и им ги преврте масите.
16 А на оние, кои продаваа гулаби им рече: „Однесете го тоа оттука! Не правете трговска куќа од Домот на Мојот Татко!”
17 Неговите ученици се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот Дом Ме изеде.”