19 А Исус им одговори и рече: „Разурнете го овој Храм, и ќе го подигнам за три дни!”
20 Тогаш Јудејците рекоа: „Храмов е граден четириесет и шест години, а Ти за три дни ли ќе го подигнеш?”
21 Но Тој зборуваше за Храмот на Своето тело.
22 Кога воскресна, пак, од мртвите, Неговите ученици се сетија дека го рече тоа; па им поверуваа на Писмото и на зборот, што Исус им го рече.
23 А кога беше во Ерусалим, на празникот Пасха, мнозина поверуваа во Неговото име, гледајќи ги знаците, што ги правеше.
24 Но Самиот Исус не им се доверуваше, зашто ги познаваше сите,
25 и немаше потреба некој да Му сведочи за човекот, зашто Самиот знаеше што има во човекот.