12 Не верувате кога ви зборував за земните работи, како ќе верувате ако ви кажувам за небесните?
13 И никој не отишол во небо, освен Оној, Кој слезе од небото, Човечкиот Син Кој е во небото.”
14 И како што Мојсеј ја издигна змијата во пустината, така треба да биде издигнат Човечкиот Син,
15 та секој, кој верува во Него да не загине, но да има вечен живот.
16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
18 Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.