23 Исто и Јован крштаваше во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода, и луѓето доаѓаа и се крштаваа;
24 зашто Јован уште не беше фрлен во темница.
25 Така настана препирка меѓу Јовановите ученици и еден Јудеец околу очистувањето.
26 И дојдоа при Јована и му рекоа: „Учителе, ене, Оној Кој беше со тебе на онаа страна на Јордан, за Кого ти сведочеше, Тој крштава, и сите одат при Него.”
27 Јован одговори и рече: „Не може човек ништо да земе, ако не му е дадено од небото.
28 Вие сами сте мои сведоци дека реков: „Јас не сум Христос, туку сум испратен пред Него.”
29 Кој има невеста, тој е младоженец. А пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, се радува многу штом ќе го чуе гласот на младоженецот. И така, оваа моја радост се исполни.