5 Исус му одговори: „Вистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство.
6 Роденото од тело, тело е; а роденото од Дух, дух е.
7 Не чуди се што ти реков: треба да се родите одозгора.
8 Ветерот дува каде што сака, и го слушаш неговиот шум, а не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој, кој е роден од Дух.”
9 Никодим Му одговори и рече: „Како може да биде тоа?”
10 Исус му одговори и рече: „Ти си Израелев учител, и не го знаеш ли тоа?
11 Вистина, вистина, ти велам: зборуваме за она, што знаеме; сведочиме за она што сме виделе; а сепак не го примате нашето сведоштво.