31 Во меѓувреме учениците Го молеа Исуса: „Рави, јади!”
32 Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.”
33 Тогаш учениците зборуваа помеѓу себе: „Да не му донесол некој јадење?”
34 Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој ме прати и да го завршам Неговото дело.
35 Зар вие не велите: „Уште четири месеци и жетвата ќе дојде! „Еве, ви велам: подигнете ги своите очи и видете ги нивите како побелеле за жетва!
36 Жетварот веќе добива плата и собира плод за вечен живот; да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.
37 Зашто во ова вистинска е пословицата: „Еден сее, а друг жние!”