33 Тогаш учениците зборуваа помеѓу себе: „Да не му донесол некој јадење?”
34 Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој ме прати и да го завршам Неговото дело.
35 Зар вие не велите: „Уште четири месеци и жетвата ќе дојде! „Еве, ви велам: подигнете ги своите очи и видете ги нивите како побелеле за жетва!
36 Жетварот веќе добива плата и собира плод за вечен живот; да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.
37 Зашто во ова вистинска е пословицата: „Еден сее, а друг жние!”
38 Јас ве испратив да жниете, каде што не сте се труделе. Други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.
39 И мнозина самарјани од градот поверуваа во Него по зборовите на жената, која сведочеше: „Тој ми кажа сè што сум направила.”