42 а на жената и велеа: „Сега не веруваме заради твоето кажување; зашто самите чувме и знаеме дека Тој е навистина Христос, Спасителот на светот.”
43 По два дена тргна оттаму за Галилеја.
44 Зашто Самиот Исус изјави дека пророкот нема чест во својата родина.
45 И така, кога дојде во Галилеја, Галилејците Го примија, зашто беа виделе сè што стори во Ерусалим на празникот, бидејќи и самите дојдоа на празникот.
46 И пак дојде во Кана Галилејска, каде ја претвори водата во вино. А имаше еден царски службеник, чиј син беше болен во Капернаум.
47 Тој, штом чу дека Исус дојде од Јудеја во Галилеја, отиде при Него и Го замоли да слезе и да му го исцели синот, зашто беше на умирање.
48 Тогаш Исус му рече: „Ако не видите знаци и чудеса, нема да поверувате.”