48 Тогаш Исус му рече: „Ако не видите знаци и чудеса, нема да поверувате.”
49 Царскиот службеник Му рече: „Господине, слези пред да ми умре детето!”
50 Исус му рече: „Оди си, твојот син е жив!” Човекот му поверува на зборот, што му го кажа Исус и си замина.
51 И додека уште слегуваше, неговите слуги го пресретнаа и му соопштија дека син му е жив.
52 А тој ги праша за часот во кој му станало полесно. Тие му одговорија: „Вчера, во седмиот час, го остави треската.”
53 Тогаш таткото разбра дека тоа се случило во часот кога Исус му рече: „Твојот син е жив!” И поверува тој и целиот негов дом.
54 Ова пак второ чудо го направи Исус, кога дојде од Јудеја во Галилеја.