Јован 4:9-15 MKB

9 Самарјанката Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, Самарјанка, да пиеш?” Имено, Јудејците не општеа со Самарјанците.

10 Исус и одговори и рече: „Кога би знаела за Божјиот дар и Кој е Оној што ти вели: ‘Дај ми да пијам,’ ти би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.”

11 Жената Му одговори: „Нема со што да нацрпиш, господине, а кладенецот е длабок! Тогаш, од каде имаш жива вода?

12 Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде кладенецов? И тој самиот пиеше од него, и неговите синови, и неговиот добиток!”

13 Исус во одговор и рече: „Секој кој пие од водава, пак ќе ожедни.

14 А кој пие од водата што Јас ќе му ја дадам нема да ожедни довека, туку водата што ќе му ја дадам, ќе стане во него извор на вода, извирајќи во вечен живот.”

15 Жената Му рече: „Господине, дај ми од водата за да не ожеднувам и да не доаѓам тука да нацрпувам!”