1 Потоа отиде Исус на другата страна од Галилејското Море, наречено Тиверијадско.
2 Многу народ одеше по Него, зашто ги гледаа чудесата, што ги правеше над болните.
3 Исус се искачи на гората и седеше таму со Своите ученици.
4 А наближуваше јудејскиот празник - Пасхата.
5 Тогаш Исус ги подигна очите и виде дека многу народ доаѓа кон Него, па му рече на Филипа: „Каде да купиме леб, за да се нахранат овие?”
6 Тоа го рече за да го искуша; зашто Самиот знаеше што ќе направи.
7 Филип Му одговори: „Не ќе им стигне леб за двеста денарии, па секој од нив да добие по малку.”