16 Кога се приквечери, Неговите ученици слегоа до морето,
17 и влегоа во кораб и отидоа преку морето во Капернаум. Веќе се стемни, а Исус уште не беше дојден при нив.
18 Морето се разбранува, оти дуваше силен ветер.
19 Откако одвеслаа околу дваесет и пет или триесет стадии, Го видоа Исуса како оди по морето и се приближува кон коработ; па се исплашија.
20 Но Тој им рече: „Јас Сум, не бојте се!”
21 Тие сакаа да Го земат во коработ, а коработ се најде веднаш на брегот, каде што одеа.
22 Утреден, народот, што стоеше преку морето, виде дека таму немаше друго бротче освен едното и дека Исус не влезе во бротчето со Своите ученици, туку дека Неговите ученици отпловија сами.