17 и влегоа во кораб и отидоа преку морето во Капернаум. Веќе се стемни, а Исус уште не беше дојден при нив.
18 Морето се разбранува, оти дуваше силен ветер.
19 Откако одвеслаа околу дваесет и пет или триесет стадии, Го видоа Исуса како оди по морето и се приближува кон коработ; па се исплашија.
20 Но Тој им рече: „Јас Сум, не бојте се!”
21 Тие сакаа да Го земат во коработ, а коработ се најде веднаш на брегот, каде што одеа.
22 Утреден, народот, што стоеше преку морето, виде дека таму немаше друго бротче освен едното и дека Исус не влезе во бротчето со Своите ученици, туку дека Неговите ученици отпловија сами.
23 Од Тиверијада пристигнаа други бротчиња, близу до местото каде што беа јале леб, откако Господ заблагодари.