19 Откако одвеслаа околу дваесет и пет или триесет стадии, Го видоа Исуса како оди по морето и се приближува кон коработ; па се исплашија.
20 Но Тој им рече: „Јас Сум, не бојте се!”
21 Тие сакаа да Го земат во коработ, а коработ се најде веднаш на брегот, каде што одеа.
22 Утреден, народот, што стоеше преку морето, виде дека таму немаше друго бротче освен едното и дека Исус не влезе во бротчето со Своите ученици, туку дека Неговите ученици отпловија сами.
23 Од Тиверијада пристигнаа други бротчиња, близу до местото каде што беа јале леб, откако Господ заблагодари.
24 И кога народот виде дека таму ги нема ни Исуса ни Неговите ученици, влегоа во корабите и пристигнаа во Капернаум, за да Го бараат Исуса.
25 Кога Го најдоа на другата страна на морето, Му рекоа: „Рави, кога дојде тука?”