23 Од Тиверијада пристигнаа други бротчиња, близу до местото каде што беа јале леб, откако Господ заблагодари.
24 И кога народот виде дека таму ги нема ни Исуса ни Неговите ученици, влегоа во корабите и пристигнаа во Капернаум, за да Го бараат Исуса.
25 Кога Го најдоа на другата страна на морето, Му рекоа: „Рави, кога дојде тука?”
26 Во одговор Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам, Ме барате не затоа што ги видовте чудните знаци, туку дека ги јадевте лебовите и се наситивте.
27 Работете не за храна што се расипува, но за храна што останува за вечен живот, а што ќе ви ја даде Човечкиот Син, зашто Бог Таткото Го потврди Него за тоа!”
28 Тогаш Му рекоа: „Што да правиме, за да ги извршуваме Божјите дела?”
29 Исус одговори и им рече: „Божјото дело е ова: да верувате во Оној, Кого Тој Го испратил.”